X Factor Accelerator

X Factor Accelerator

Share

05/01/2026

📣 За Х Фактор Акцелератор, 2025 беше година во која сите компании од нашето портфолио направија сериозен чекор напред во сите бизнис аспекти– пазари, производи, партнерства.

Горди сме на напредокот на Концептива дигитал (Coach), Матриошка (Wice), Brummell, Vision Dynamix и Новело дизајн (Elo) – тимови кои секој ден покажуваат дека и од Македонија може да се гради бизнис со регионален и глобален потенцијал.

Во 2026 продолжуваме со истата мисија: да им помагаме на претприемачите побрзо да стигнат до поголеми пазари, паметен капитал и силни сојузници.

✨ Среќна Нова година и честит Божиќ на сите наши партнери, пријатели и поддржувачи – фала ви што сте дел од ова патување!microlearning
WICE сладолед со вино
Brummell
Vision Dynamix

01/10/2025

💡 Due diligence = испит на зрелоста за секој стартап

Кога инвеститорите или купувачите ќе се заинтересираат за вашиот стартап, првата работа што ќе ја побараат е due diligence. Тоа е детален „health check“ на вашата компанија – од финансии и правни документи, до тим, технологија и пазар.

👉 Зошто е важно?
• Ја зголемува довербата кај инвеститорите
• Донесува повисока проценка
• Ве штити од изненадувања

Совет: не чекајте последен момент. Средете ја документацијата однапред и бидете подготвени. 🚀
Due diligence не е закана – тоа е ваша шанса да докажете зрелост.

Повеќе за процесот на Due diligence на: https://xfactor.mk/elementor-8243

12/09/2025

✅ Функцијата на човечки ресурси одамна ја надмина перцепцијата дека постои за да ја менаџира „папирологијата“ поврзана со вработените. Човечките ресурси се рамноправен партнер на сите други основни бизнис функции: маркетинг и продажба, финансии и администрација, производство.
➡ Во денешниот пазар на труд каде за компаниите станува се потешко да дојдат до квалитетни вработени, а потоа и да ги задржат, функцијата на човечки ресурси стапува на сцена. Крајната цел на оваа функција е да ги најде соодветните вработени за секоја позиција и создаде организациска култура што ќе ги задржи вработени што подолго во компанијата.

08/09/2025
14/08/2025

✅ 52 менторирани стартапи
✅ 5 инвестиции во стартапи
✅ 480 000 евра вкупна вреднос на инвестициите..
Ова се дел од бројките што ја одбележаа нашата работа досега, но нашите амбиции и планови не застануваат тука. Една од нашите идни цели е да обезбедиме фонд за инвестиции во нова група на стартап компании, каде ќе можеме да го примениме веќе проверениот „рецепт“ на нови компании со голем потенцијал за раст.

Want your business to be the top-listed Business in Veles?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Address


Борис Карпузов, 1
Veles
1400

Opening Hours

Monday 10:00 - 17:00
Tuesday 10:00 - 17:00
Wednesday 10:00 - 17:00
Thursday 10:00 - 17:00
Friday 10:00 - 17:00