Atanas Milev
Sandbag step-up!
Две причини зошто треба барем еднаш во животот да вежбате со личен тренер
Многу малку луѓе се одлучуваат да вежбаат со личен тренер. Некои не сакаат затоа што им е непријатно и срам, некои затоа што мислат дека е прескапо, некои затоа што мислат дека нема да имаат доволно мотивација и желба. Причините се различни.
Но, личните тренери се професионалци во своето поле и само што ќе ве видат точно знаат на што треба највеќе да работите, кои вежби да ги правите и како да ги правите. Заедно со нивното искуство, можете да добиете многу поволности.
Ако некогаш сте размислувале во оваа насока, меѓутоа секогаш сте се двоумеле, Има навистина многу поволности, но ги издвојуваме најважните две причини.
1 . Ќе научите како правило да вежбате без да се повредувате
Кога започнуваме со вежбање, особено ако не сме многу искусни, без разлика на тоа што знаеме дека не треба, без разлика на тоа што знаеме дека треба полека, желбата да видиме резултати, заедно со мотивацијата, е многу поголема и често правиме премногу грешки заради кои често се случува да истегнеме мускул, да имаме чести болки во вратот и кичмата, кои со правилно вежбање не би се појавиле.
Професионален тренер многу ќе ви помогне во оваа насока, ќе ви покаже и посочи како точно да ги правите вежбите и пред се ќе ви помогне да се фокусирате на најважните делови за вас. Групните тренери се супер, но тие не можат постојано да ви посветуваат внимание за разлика од личниот тренер чии очи и експертиза ќе бидат само за вас.
2. Побрзо ќе добиете резултати
Иако вежбањето во група е одлично за мотивација, дружење, па и за малку здраво натпреварување, сепак не е толку ефективно колку што е работењето со тренер. Во првата точка беше спомнато дека често се повредуваме, бидејќи грешно ги правиме вежбите, но истовремено и фактот дека грешно ги правиме вежбите придонесува да се успорува процесот на формирање на телот и резултатите доаѓаат многу подоцна.
Кога вежбаме во група, освен што има простор за грешки, понекогаш и забушаваме од најразлични причини: мрза, немотивираност, умор и слично. Со личен тренер нема да ви се случи ова, нема да можете да забушавате и да грешите. Тој точно ќе ви покаже како треба да се прават вежбите и кои мускули треба да ги активирате, а тоа значи и побрзи резултати и подобар изглед.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Website
Address
Strumitsa
2400