Eco Solar
13/03/2026
30/11/2025
🌞 Сончева енергија за топлина и чист воздух! 🌿
На 30 Ноември 2025, во 9:30 часот, надворешната температура во Стар Караорман, Штип беше само 4°C – а нашите 5 воздушни сончеви системи веќе внесуваа топол и чист воздух во објектот!
✅ На југоисточна фасада: 2 системи со воздух од 37–43°C
✅ На југозападна фасада: 3 системи со воздух од 34–36°C
✅ Вентилаторите и контролерите работат целосно на соларна енергија
✅ Објект од 700 м² со приближно нулта CO₂ емисија
✅ Месечна сметка за електрична енергија: само 2.500 денари (Октомври 2025)
💡 Иновативно. Енергетски ефикасно. Еколошки.
Ви покажуваме како сонцето може да работи за вас!
🌱 Погледнете повеќе за нашите решенија за обновлива енергија.
15/11/2025
Денес, во 08:50 часот, стартуваа 5 независни воздушни соларни системи за догревање и филтрирање на надворешниот воздух!
Првите два системи на југоисточната страна од објектот на ЕКО СОЛАР – Штип веќе континуирано внесуваат свеж и сончево загреан воздух со 43°C. Така ќе работат до 12 часот, кога улогата ја преземаат преостанатите три системи на југозападната страна.
Сите параметри се следат во реално време со професионални дата-логери.
Досега, најдобри резултати ги покажува прототипот на воздушниот колектор COMPACT 6 м² со PVD селективен апсорбер – врвна нанотехнологија произведена од Alanod, Германија.
PVD селективниот слој овозможува исклучителна енергетска ефикасност благодарение на неговата наноструктура и прецизна материјална композиција:
• α > 0.95 – екстремно висока апсорпција
• ε ≤ 0.05 – минимална IR емисивност
Со овие 5 системи ефикасно догреваме простор со вкупна површина од 272 м² (2 × 136 м²). Објектот е термички изолиран, а внатрешната температура изнесува околу 15°C без дополнително греење. Само при снежни или целосно облачни денови се активира резервно греење — што е сè поретко поради климатските промени.
Повеќе енергија. Поголема ефикасност. Минимални загуби.
Сончевата енергија работи за вас – чисто, тивко и бесплатно. 🌞 ☀️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
населба Стар Караорман
Stip
2000
Opening Hours
| Monday | 07:00 - 15:00 |
| Tuesday | 07:00 - 15:00 |
| Wednesday | 07:00 - 15:00 |
| Thursday | 07:00 - 15:00 |
| Friday | 07:00 - 15:00 |