Pulse
30/04/2026
📢 Новата епизода од серијалот „ Ученици за Учество “ е достапна!
🎙️ Епизода 5: Кршење бариери заедно
✨ Марија Степаноска и Наталија Трајковска повторно заедно во нивната втора заедничка епизода!
Овој пат зборуваат за тоа како изгледа вистинското ученичко учество во училиштата – од предизвици и работилници до градење доверба и правење гласот на учениците слушнат.
💡 Колку моќ навистина имаат учениците?
💬 И што е потребно за идеите да станат реалност?
🔥 Не ја пропуштај оваа епизода – разговор за храброст, одговорност и промена од внатре во училниците.
Слушај сега 🎧
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
PulseRadio – The pulse of your heart THE PULSE OF YOUR HEART Pulse листи MEDUZA, James Carter – Bad Memories ft. Elley Duhé, FAST BOY Tiësto & Tate McRae – 10:35 KAROL G, Ovy On The Drums – Cairo Последни поткасти Towards a Sustainable Future – Challenges and Solutions Discover the beauty of Turkey!...
29/04/2026
📢 Новата епизода од серијалот „ Ученици за Учество “ е достапна!
🎙️ Епизода 4: Од обука до акција – Како младите го преземаат кормилото
Водителот Матеј Трајкоски се враќа — овој пат со нова гостинка, Азра Тафоска, и разговор што оди чекор подлабоко: од идеи → до вистинска акција.
🎓 Од обука → до вистинска ученичка иницијатива
Во оваа епизода:
🗣️ Младите не се пасивни — тие само чекаат простор да дејствуваат.
⚖️ Обуките не се само учење, туку почеток на вистинско влијание.
💡 Една идеја може да прерасне во настан што го менува училишниот живот.
🤝 Довербата, тимската работа и поддршката отвораат врати што изгледале затворени.
🔥 Кога младите го преземаат кормилото, промената станува реалност.
🎧 Слушни ја епизодата и откриј што навистина се случува зад сцената на една ученичка иницијатива.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
29/04/2026
🎙️ Новата епизода од серијалот „Ученици за Учество“ е достапна!
📣 Епизода 3: Гласови што создаваат промена
Во оваа трета епизода, Водителката Марија Стојаноска, разговара со Претседателот на Ученичкиот Совет - Михаил Грашкоски и членовите на Ученичкиот Совет - Христина Стојкоска и Матеа Мургоска за важноста на активното учество, тимската работа и лидерството кај учениците.
🎓 Од идеи во училниците → до вистински акции што го менуваат училишниот живот.
⚖️ Во оваа епизода, истражуваме зошто ученичките гласови се поважни од кога било, како тимската работа ја зајакнува Ученичката заедница и какво влијание има новиот Закон за средно образование.
💡 Исто така гледаме како идеите прераснуваат во вистински училишни проекти и како учениците се движат од пасивни набљудувачи кон активни носители на промени.
🎧 Слушни сега и откриј како ученичкиот глас навистина може да создаде промена во училиштата!
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
24/04/2026
Серија: Повеќе од простор: твоето право на иднина
🎙️ Eпизода 2: Младински активизам – кога гласот се бори да се слушне
✨ Во оваа епизода, водителот Орданчо Перески разговара со млад активист и средношколец, Матеј Трајкоски и го истражува вистинскиот пат на младинскиот активизам. Дел од проектот „Младински Центар за Прилеп – право, потреба и иднина за младите“
💥 „Кој момент те ‘турна’ кон активизам?“
🔨 „Што правиш кога резултатите не доаѓаат и сакаш да се откажеш?“
🗣️ Матеј ги споделува своите искрени искуства — хаотичните почетоци, моментите на сомнеж и што го мотивира да продолжи кога промена изгледа невозможно.
Епизодата ја прикажува борбата, победите и вистинскиот потенцијал на младите да направат разлика, нудејќи надеж и водство за секој што е подготвен да дејствува денес.
🎧 Слушајте сега — линк во био
Оваа содржина е создадена во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“, кој го спроведува Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС од Скопје, со финансиска поддршка од Европската унија. Ставовите и мислењата искажани во содржината не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторот.
#локалактивпелагонија
23/04/2026
📢 Новата епизода од серијалот „Ученици за Учество“ е достапна!
🎙️ Епизода 2: Зад училишните врати
Што навистина се случува во ученичките организации?
Во оваа епизода, водителката Марија Степаноска разговара со Наталија Трајковска, ученичка од „СОУ Орде Чопела“, за ученичкото учество во реалниот училишен живот – не само како теоретски концепт, туку како практично искуство.
Преку разговорот се опфаќаат теми како организирање активности и работилници, како и предизвиците со кои се соочуваат учениците, меѓу кои се вклученоста и градењето доверба.
Оваа епизода отвора простор за подобро разбирање на тоа како навистина изгледа ученичкото учество во училиштата.
💬 Колку глас навистина имаат учениците?
💡 И што е потребно за идеите да станат реалност?
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
22/04/2026
📢 Новата епизода од серијалот „Ученици за Учество“ е достапна!
🎙️ Епизода 1: Зошто е важно ученичко учество?
Водителот Матеј Трајкоски е придружуван од гостинката Софија Цековска од СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ за тоа како учениците можат да се вклучат и да направат вистинска промена.
🎓 Од само форма на хартија → до вистинска промена
Во оваа епизода:
🗣️ Зошто ученичкиот глас конечно се слуша?
⚖️ Како новиот закон ги зајакнува учениците?
💡 Како идеите стануваат вистински училишни иницијативи?
🔥 Како да се надмине мислењето дека ништо не може да се смени?
🎧 Слушни сега и дознај зошто ТОКМУ твојот глас е важен!
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Website
Address
St. "Car Samoil" 18
Prilep
7500
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 17:00 |
| Tuesday | 09:00 - 17:00 |
| Wednesday | 09:00 - 17:00 |
| Thursday | 09:00 - 17:00 |
| Friday | 09:00 - 17:00 |