Together4Future
14/04/2025
Информација за финансиска поддршка за електрична енергија за семејства со деца со попреченост
Почитувани,
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ве информира дека е во тек Јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка за трошоците за електрична енергија, наменет за ранливи категории граѓани. Семејствата со деца со попреченост кои се корисници на посебен додаток и чии приходи се под одреден праг, имаат право на месечна поддршка во износ од 1.000 денари, за период од 12 месеци.
Рокот за поднесување на барања е до 19 април, а пријавувањето е едноставно – со пополнет образец и неколку потребни документи, кои се достапни на веб-страницата на Министерството: www.ea.gov.mk.
Со цел оваа важна информација да допре до што поголем број семејства кои имаат право на поддршка, Ве замолуваме да ја споделите со Вашите членови, како и да ја објавите на Вашите комуникациски канали – веб-страници, социјални мрежи или во групи со кои сте во контакт.
Ваквите мерки се наменети да понудат директна поддршка и намалување на финансискиот товар за семејствата, особено во услови кога секоја помош е значајна. Само преку заеднички напори можеме да обезбедиме еднаков пристап и шанса за сите.
За дополнителни информации, Вашите членови може да нè контактираат на:
[email protected]
A повеќе информации може да се најдат на нашиот веб сајт -www.ea.gov.mk
https://www.facebook.com/share/16JyJTX8Ph/
Click here to claim your Sponsored Listing.
Contact the organization
Telephone
Address
Delcevo
2320
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 17:00 |
| Tuesday | 09:00 - 17:00 |
| Wednesday | 09:00 - 17:00 |
| Thursday | 09:00 - 17:00 |
| Friday | 09:00 - 17:00 |
| Saturday | 09:00 - 17:00 |