Pogled.mk

Pogled.mk

Share

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки со честитка до САД по повод 250 години независност 04/07/2026

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки со честитка до САД по повод 250 години независност

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки со честитка до САД по повод 250 години независност Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки со честитка до САД по повод 250 години

04/07/2026

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите.

Photos from Pogled.mk's post 04/07/2026

ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Средба со членовите во МК Инџиково, Коцевски порача дека организацијата е подготвена за нови предизвици

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба продолжува со теренските активности и средбите со членството, а денеска претседателот на комитетот, Зоран Коцевски, заедно со партиски активисти, ги посети членовите во Месниот комитет Инџиково.

Од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба информираат дека средбата била искористена за разговор за актуелните политички состојби, локалните прашања и идните активности на партијата, при што било истакнато дека директната комуникација со граѓаните и членството останува еден од главните приоритети.

„Секоја средба со нашите луѓе на терен носи нова енергија и уште поголема мотивација. Обединети сме како никогаш досега и максимално сме подготвени за нови предизвици и нови победи“, порачуваат од општинската организација.

Во објавата се нагласува дека претстои период исполнет со нови активности и предизвици, но дека организацијата ќе продолжи со посветена работа и постојано присуство меѓу граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба оценуваат дека општинската организација останува силно обединета и подготвена за претстојните политички процеси, нагласувајќи дека Гази Баба и понатаму ќе биде еден од најсилните бастиони на партијата.

04/07/2026

📊 Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство, Мицкоски останува лидер со најголема доверба

Според најновото истражување на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред останатите политички партии. Доколку изборите се одржат сега, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5% од испитаниците, додека СДСМ има 6,2%. Следуваат ДУИ со 5%, Влен со 4,4%, Левица со 2,9% и ЗНАМ со 1,5%.

Кај определените гласачи, предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ останува речиси идентична, додека Влен значително се доближува до ДУИ кај албанскиот политички блок.

Истражувањето покажува и дека Христијан Мицкоски и натаму убедливо води по доверба меѓу лидерите на политичките партии.
Најголеми проблеми за граѓаните остануваат платите, пензиите, невработеноста и растот на цените, а веднаш зад нив се криминалот и корупцијата, при што недовербата во правосудството и понатаму е висока.
Анкетата покажува и силна поддршка за европската интеграција – дури 80,3% од испитаниците би прифатиле членство на Македонија во Европската Унија и без право на вето.

Истражувањето е спроведено од 10 до 27 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, со маргина на грешка од ±3%.

Want your business to be the top-listed Media Company in Delcevo?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Telephone

Address


Bulevar Makedonija
Delcevo
2320