Slow Food Bitola
27/05/2026
🖥Во втората емисија "Знање имање" во продукцијата на РТС1 реализирана со поддршка на Слоу Фуд Македонија, се зборува за лозјата, вината и пчелите во Македонија.
🍷Александар Димовски од винаријата "Алесто" со семејството го враќа лозарството и винарството во селото Крани, Преспа.
🍇Христо Казаџински од винаријата „Сарика“ кај Прилеп – кажуваат за своето производство, квалитетот на грозјето, виното и секако наградите.
🍯Нацо Јовчевски- пчеларник БН во Дихово, Битола од Слоу Фуд президиумот Макби - македонска медоносна пчела, зборува како Македонија ја заштитува својата автохтона пчела и кои се придобивките од неа
Znanje imanje: Regioni Balkana Svaka regija ima svoje specifičnosti, bilo da govorimo o mikrolokacijama, vinskim putevima ili svetskim poljoprivrednim oblastima. Svaka zemlja ima svoj DNK ...
19/05/2026
🌾 Денес со големо задоволство ги посетивме нашите драги соработници од Земјоделското училиште во Битола, кои во рамките на својот Отворен ден ни ги отворија вратите на нивниот креативен свет.
Имавме прекрасна можност одблиску да ги видиме инспиративните практични активности и вредните раце на учениците, кои во текот на целата училишна година создаваат со љубов и посветеност. Преку нивната работа, традицијата и одржливото земјоделство добиваат нова, млада енергија! 💚
Нашите млади се иднината на чистата, здравата и вистинската храна. 👩🌾👨🌾
#СлоуФудБитола
KuzmanSapkarev
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the organization
Website
Address
Kliment Ohridski 33/35
Bitola
7000