Ponder

Ponder

Share

10/10/2024

Известување за сите верни поддржувачи на независната сцена кои планираат да ги посетат двата концерти викендов: вечерва на врата во Радост ќе може да се набави комбо-билет за двата концерти по промотивна цена од само 300 денари. 💞

Секако, не ве забораваме сите оние кои веќе сте купиле билет за вечерашниот концерт, па така со доплата од 100 денари можете да добиете добиете карта и за сабота. 💫

Благодариме за поддршката и се гледаме вечер на свирка!

02/10/2024

Од 10 до 13 октомври, петте независни битолски културно-партизански одреди, Пондер, Metal Discharge Crew, Контра кадар, Контра библиотека и Слога ви најавуваат четиридневна културно-ослободителна офанзива, програма полна со музика, филмови и книги, одбележувајќи го 11 октомври, денот на почетокот на борбата против фашистичкиот окупатор. ❤️✊️

Сите настани ќе се случуваат во Радост, а вие останете на (борбената) линија и следете ги поединечните профили на иницијативите за нивните агенди и акции. ☎️ 💣

27/07/2024

31. јули (среда) // 21:00 // Радост // Влез: 150 ден.
mk x .music 💖

На 31. јули во среда ни доаѓа еден навистина специјален гостин Франција - пијанистот и челист ✨️🎹 🎻

Како самоук мултиинструменталист и љубител на класичната, електронската и минималистичката музика, тој се движи од едноставност до епичност, поврзувајќи се со романтизмот и импресионизмот од XVIII и XIX век. Неговата музика нуди бегство од бучавата на секојдневниот живот, потсетувајќи на Филип Глас, Макс Рихтер, Јохан Јохансен и Стив Рајх, спојувајќи класични теми со електронски ритми. 💫

Покрај музичкиот дел, со огромна радост најавуваме дека на настанот ќе биде поставена изложба на врвната битолска уметница, Симона Мирчевска. Покрај тоа што е магистер по архитектура, Симона активно слика и нејзините дела се поставени на голем број самостојни и групни изложби. 🖼

Во нејзините апстракции се испреплетуваат темите на природата, чувствувањето и слоевитоста на искуствата, каде, потопувајќи го платното со живи бои и навидум случајни, но секогаш намерни форми и линии, Симона го шири хоризонтот на вообичаеното сфаќање на зборот пејсаж, и што сѐ може да се побуди со движење на четката. 🖌

Овој концерт е во соработка со нашите добри пријатели од платформата .music, кои ќе го снимаат концертот во целост. 📹

Се гледаме во Радост!

Photos from Ponder's post 02/05/2024

Први мај помина, а вечерва во Радост покрај промоцијата на Спитсанието ќе имаме концерт на два одлични артисти од Србија.⚡️

Disaster-jazz составот Џезболах од Србија ќе се претстави со нивната френетична мултисензорна импров офанзива на нашите сетила, создавајќи PTSD какофонија на секој кој ќе се приближи на нивната фронтовска линија. 🪖

Пред нив со свој сет ќе настапи WoО, сонлив електронски микро-поп соло проект на Вукашин Џелиќ, каде семплери, синтисајзери и ритам машини ќе ве одведат на лелеаво патување низ мирни мориња и универзуми. ☁️

Свирката ќе започне во 21:00, промоцијата на Спитсанието од 19:00, се гледаме вечер!

Want your establishment to be the top-listed Arts & Entertainment in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Website

Address


Bitola