Callidus Association
30/01/2026
На 29 јануари 2026 година, во Europe House – Битола, Здружение Калидус – Битола го одржа завршниот дисеминациски настан на Еразмус+ проектот „Callidus Pioneers Erasmus Courses“ (KA122 – Образование на возрасни).
На настанот ги презентиравме резултатите од проектот, со посебен фокус на Еразмус Каталогот на курсеви на Калидус кој е конкретен и одржлив резултат од мобилностите и експертската поддршка реализирани во рамки на проектот.
👩🏫 Нашите обучувачи споделија искуства од обуката во Сплит и процесот на креирање инклузивни и иновативни обуки, додека дополнителната експертска поддршка од Europass Adriatic Academy овозможи унапредување на квалитетот, административните процеси и долгорочната стратегија на организацијата.
🌍 Со овој проект, Калидус се позиционира како прв провајдер на Еразмус+ обуки во државата, а дел од нашите курсеви се официјално објавени и достапни на European School Education Platform отворени за учесници од цела Европа.
✨ Настанот беше и можност да ги промовираме можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и да ги охрабриме другите организации да се вклучат во европските образовни иницијативи.
ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ!
Craft Your CulturE+ – Еразмус+ младинска размена
📍 Ватра Дорнеи, Романија
📅 13 – 24 ноември 2025
🗓️ Рок за пријавување: 20 октомври 2025
Callidus објавува повик за мотивирани млади лица кои сакаат да бидат дел од главниот настан на проектот Craft Your CulturE+ – 12-дневна меѓународна младинска размена преку програмата Erasmus+, со партнери од Романија, Италија, Северна Македонија, Полска, Шпанија и Чешка.
Активностите ќе се одржат во Ватра Дорнеи, живописно планинско одморалиште во Карпатите, северна Романија.
👥 Учесници:
7 учесници по земја:
6 млади (на возраст 18–30 години)
1 водач на група (18+, без горна возрасна граница)
Вкупно: 42 учесници од 6 земји.
🌍 За што станува збор?
Оваа младинска размена има за цел да ги поврзе младите со традиционалните вредности и европското културно наследство.
Ќе имате можност да:
Научите нови ракотворски и креативни вештини
Се изразите преку уметност, музика и култура
Запознаете млади од цела Европа
Го славите културното различие
Развиете тимска работа, комуникација и интеркултурна свест
🎯 Наши цели:
✅ Поврзување со корените и заедничкото европско наследство
✅ Поттикнување на креативност и културен израз
✅ Јакнење на самодоверба и соработка
✅ Промовирање на активно граѓанство и одржливост
✅ Инспирација за зачувување и промоција на културното наследство во заедницата
Преку креативни работилници и културни активности, ќе ги откриете традиционалните занаети, ќе научите за одржливост и ќе изградите пријателства што ги надминуваат границите.
👉 Пријави се и стани дел од ова незаборавно искуство!
📅 Рок за пријавување: 16 октомври 2025
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the school
Website
Address
Bitola
Bitol
7000
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 17:00 |
| Tuesday | 09:00 - 17:00 |
| Wednesday | 09:00 - 17:00 |
| Thursday | 09:00 - 17:00 |
| Friday | 09:00 - 17:00 |