Bit Fest
26/08/2025
"Bitola art mapping" - Креативни индустрии на БИТ ФЕСТ
26/08/2025
„MUSICLAND 2025“ - настан на БИТ ФЕСТ кој долго ќе се памети
И после десет дена емоциите не стивнуваат...MUSICLAND 2025 Македонија - настан кој долго ќе се памети. Накратко, ве потсетуваме на 25 јубилејно издание на Интернационалниот музички фестивал MUSICLAND 2025 Македонија, кое се одржа на 16 август, во Центарот за култура во Битола.
На фестивалската сцена настапија учесници од 16 држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Косово, Литванија, Малта, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Украина и домаќинот – Македонија.
Под мотото „ONCE UPON A TIME“, се обединија звуците на Камерниот оркестар на Битола – IWConnect и моќните вокали на најдобро пласираните учесници на фестивалот. Настапот беше умешно синхронизиран со свеченото отворање и парадата на знамињата на земјите-учеснички, под кореографијата на ТСК „Степ Ап“.
Главните награди на фестивалот отпатуваа во две земји:
✨ ГРАНД ПРИ Џуниор – ја освои Бриселда Изеири од Албанија.
✨ ГРАНД ПРИ MUSICLAND 2025 – замина во Малта, кај харизматичниот Шон Циантар, кој со својот настап ја освои и публиката и интернационалното жири, составено од единаесет извонредни дами.
„Горд сум и среќен што уште еднаш покажавме и докажавме дека стоиме цврсто на пиедесталот како една од најубавите и најдобро организираните манифестации од овој вид во Европа и пошироко, и што сите наши гости си заминуваат од нашата држава со ветување дека повторно ќе го посетат нашиот фестивал наредната година,“ истакна Тони Алексовски – директор и основач на Интернационалниот музички фестивал MUSICLAND и на детскиот музички фестивал ТРА ЛА ЛА, фестивали кои оваа година го одбележуваат својот јубилеј – четврт век постоење.
Фестивалот се одржа во рамките на БИТ ФЕСТ, под насловот „Вечер на светски хитови“ – концерт кој долго ќе се памети и фестивал кој засекогаш ќе остане во срцата на љубителите на добрата музика.
Click here to claim your Sponsored Listing.