Bidi Svoja
04/07/2026
Погледнете ги овие насмевки. Тие кажуваат сè. ✨
Во секој чекор - храброст. Во секој километар – поддршка. На целта – гордост, радост и чувство дека си направила нешто за себе.
„Биди своја“ не е само женска трка. Таа е приказна за стотици жени кои си докажаа дека можат и дека заедно се посилни.
Ви благодариме што и оваа година бевте дел од оваа прекрасна енергија. Вашите насмевки се нашата најголема мотивација да продолжиме.
Сега со нетрпение го најавуваме јубилејното 5. издание на „Биди своја“, кое ќе се одржи на 5 јуни 2027 година. 🧡
Запомнете го датумот. Повторно ќе трчаме, ќе се смееме, ќе се бодриме и уште еднаш ќе си покажеме дека најубавата победа е онаа над сопствените граници.
#БидиСвоја #ЖенскаТрка
🥁❤️ Голема благодарност до Државното музичко училиште – Битола и до прекрасните ученици кои преку барабаните внесоа неверојатна енергија на 4. издание на женската ноќна трка „Биди своја“!
Вашиот ритам го направи стартот уште повозбудлив, а поддршката што им ја дадовте на натпреварувачките во последните метри пред целта беше вистински ветер во грб.
Ви благодариме што бевте дел од оваа прекрасна приказна и што помогнавте „Биди своја“ да биде посебно доживување за сите учеснички и посетители. 🧡
#бидисвоја
27/06/2026
Позитивната енергија на 4. издание на Bidi Svoja беше насекаде! 💜✨
Едни од највеселите учесници на трката беа младите гимнастичарски надежи од Салто, кои со своите насмевки и неисцрпна енергија внесоа дополнителна радост во целиот настан.🏃🏼♀️
Тие покажаа дека спортот не е само натпреварување, туку и пријателство, поддршка и убави моменти кои се паметат. Ви пренесуваме дел од атмосферата и позитивната енергија што ја споделија со сите. 💪🌟
#бидисвоја ❤️
26/06/2026
Инспирација која нема возраст – Доста Лазаревска
Постојат учесници кои ја истрчуваат патеката, а постојат и луѓе кои стануваат симбол на еден настан.
Со огромна почит ја издвојуваме Доста Лазаревска, родена 1947 година, највозрасната учесничка на „Биди Своја 2026“ и единствена учесничка која со гордост беше дел од сите четири изданија на оваа манифестација.
Нејзината насмевка, енергија и истрајност се доказ дека годините не се пречка, туку богатство исполнето со искуство, сила и љубов кон животот.
Доста не е само учесничка – таа е инспирација за сите генерации. Таа нè потсетува дека секој чекор е победа, дека секоја цел е достижна кога постои волја и дека никогаш не е доцна да се биде активен, храбар и свој.
Од срце Ви благодариме, Доста, што четири години по ред сте дел од семејството „Биди Своја“. Вашето присуство е чест за сите нас и мотивација за илјадници луѓе да веруваат дека вистинската сила нема возраст.
Се гледаме и на јубилејното 5-то издание во 2027 година! ❤️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Website
Address
7000